Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
По испаѓањето во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) од Реал Мадрид, во ПСЖ се подготвува ремонт на лето, а француски „Л’Екип“ објави дека се знае кои пет ѕвезди заминуваат од клубот.
Анхел Ди Марија го напушта ПСЖ кога ќе му заврши договорот ова лето, а Џулијан Дракслер е уште еден фудбалер кој ќе си замине од екипата.
Леандро Паредес пред три години стигна во ПСЖ за 40 милиони евра, но аргентинскиот играч разочара и сега се очекува преселба во Италија.
Лејвин Курзава и Тило Керер се последните две ѕвезди кои се на листата за отстрел од екипата, а засега не е познато ниту што ќе биде со Килијан Мбапе, додека се очекува останување на Лионел Меси и Нејмар.