Почна ремонтот: Реал Мадрид на сила брка еден од најискусните фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид летово планира да се ослободи од фудбалерите на кои нема да смета следната сезона, а еден од нив би можел да биде Марсело, кој најверојатно ќе потпише за Фенербахче.

Реал остана без титула во Шпанија, а од Лига на шампиони испадна од шампионот Челси и притоа го загуби тренерот Зинедин Зидан.

Шпански „АС“ објави дека Марсело нема намера да остане и не е во плановите на новиот тренер, кој наскоро ќе биде промовиран.

Кога станува збор за бројките, Марсело сезонава одигра 16 меча како стартер, а улогата му се намалува како минува времето.

Искусниот 33-годишен бек одигра вкупно 19 меча и имаше четири асистенции за тимот во кој стигна уште во 2007 година.

Има уште една година од договорот со Реал, а клубот најверојатно ќе понуди да му ја исплати цела последна сезона за да го избрка.