Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија дека почнало судењето на францускиот фудбалски репрезентативец Карим Бензема поради уцената на Метју Валбуена.
Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет дека во 2015 година, заедно со уште четири лица, со снимка од секс го уценувал поранешниот колега и барал меѓу 50.000 и 100.000 евра за да не го објави видеото во јавност.
Бензема негираше дека е вмешан во случајот, иако тоа допрва ќе се утврдува на Суд, а ако се потврди дека е виновен, тогаш францускиот напаѓач ќе добие петгодишна затворска казна.
„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Нема за што да му се замери“, изјави адвокатот на Бензема, Силван Кормие.