Почна трката за Мбапе: Реал Мадрид ќе се бори против четири екипи


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе најверојатно наскоро ќе го напушти ПСЖ откако одби да потпише нов договор, а за неговите услуги се заинтересирани пет тимови.

Мбапе сака да игра во Реал Мадрид, а исто така „кралевите“ веќе долго време го следат, но ќе имаат голема конкуренција на трансфер-маркетот.

Ал Хилал се очекува да испрати најдобра понуда за францускиот голгетер, а исто така во трката се вклучиле и Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем.

Екипата од Саудиска Арабија, сепак, наводно планира да му понуди двегодишен договор со плата од 200 милиони евра по сезона и тоа е сума која не би ја добил на ниту едно друго место.