Почнаа да ја вознемируваат неговата сопруга зашто го повреди Мбапе, па се јави ѕвездата на ПСЖ


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Килијан Мбапе вчера заработи повреда на тренинг, откако на него згазна Идриза Геј и поради тоа францускиот напаѓач ќе го пропушти мечот против Реал Мадрид.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе не е посериозно повреден и добил само посериозен удар, па се очекува наскоро да се врати на теренот.

Навивачите на Инстаграм го нападнаа Геј и неговата сопруга, па им испратија голем број навреди поради неговиот ненамерен потег на тренинг.

Откако Мбапе забележа каков третман добива неговиот колега, реши да се јави преку социјалните мрежи и да застане во одбрана на Геј.

Мбапе објави фотографија на социјалните мрежи со која даде поддршка до својот колега бидејќи е свесен дека не сакал намерно да го удри на тренинг.