Почнаа преговорите, ќе може да има навивачи во Премиер лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс истакна дека започнале преговори со владата на Велика Британија во врска со враќањето на навивачите на трибините.

По пауза од цели 100 дена, Премиер лигата продолжува во среда со натпреваритепомеѓу Манчестер Сити и Арсенал, како и Астон Вила- Шефилд.

„Премиер лигата се враќа, но нема целосно да се врати додека немаме навивачи на стадионите. Се радуваме на тоа да ги видиме навивачите што е можно побргу, кога ќе биде безбедно и соодветно.

Враќањето ќе биде голем момент, ќе биде поинакво чувството без навивачи, но сметаме на квалитетен фудбал и на страст, Премиер лигата ќе го донесе она што треба да се донесе“ –изјави Ричард Мастерс.