Почнаа преговорите: Реал Мадрид ќе заработи солидни пари од Манчестер јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид преговара со Манчестер јунајтед за трансфер на дефанзивецот Рафаел Варан, кој долго време сака да си замине од шпанскиот тим.

„Ле Паризиен“ објави дека преговорите се во тек и во следните денови Французинот ќе замине на „Олд Трафорд“, каде што го чекаат нови предизвици.

Јунајтед е подготвен да плати 45 милиони евра отштета за дефанзивецот плус бонуси. Според француските медиуми, трансферот ќе биде реализиран за една недела.

Варан за Реал Мадрид игра веќе 10 сезони, а пристигна во шпанскиот тим од Ленс во 2011 година.

Тој со „кралевите“ има договор на уште една година и не се согласи да ја продолжи соработката со Реал.