Почнаа преговорите: Тренерот на Ајакс се сели во Манчестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да се раздели со Ралф Рангник, кој го тренира тимот од ноември, меѓутоа не ги донесе посакуваните резултати за премиерлигашот.

Раководството на тимот разговарало со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг за неговото доаѓање во англискиот клуб на лето.

Од англискиот гигант порачаа дека е рано да се зборува за фаворитите за преземање на тренерското столче, иако сакаат процесот да се заврши што е можно побрзо.

Тен Хаг има договор со Ајакс до 2023 година, а со холандскиот клуб во 2019 година стигна до полуфиналето во Лига на шампиони (ЛШ).

Како можен избор за нов тренер на Јунајтед се споменува и сегашниот тренер на Севилја, Хулен Лопетеги, како  селекторот на Шпанија, Луис Енрике.