Почнаа преговорите во Лондон: Сари му постави три услови на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агентот Фали Рамадани е во Лондон, па преговара со Марина Грановскаја за иднината на италијанскиот тренер Маурицио Сари.

Што се однесува до Сари, ако Челси ги исполни неговите услови, тој би останал на клупата во Лондон, зашто смета дека го заслужил тоа со триумфот во Лига Европа и трето место во шампионатот.

Сари бара од управата на Челси тој да биде главен за продажба и купување на фудбалери, а втор услов е Челси да не се обидува да пушта свои луше во близина на соблекувалната.

Трет, а и најважен услов, е клубот да даде соопштение со кое јавно ќе го поддржи пред навивачите, кои бараат да биде отпуштен Италијанецот и покрај делумно успешната сезона.

Доколку нешто од тоа не биде исполнето, тогаш Сари ќе си замине, а веќе има понуда од Јувентус, кој остана без тренер на крајот на сезоната.