Почнаа проблемите: Бензема се скара со тренерот Еспирито Санто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблеми се појавија во редовите на шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад откако тренерот Нуно Еспирито Санто се скарал со Карим Бензема.

Тренерот наводно не го сакал Бензема во својот тим, но и покрај тоа клубот решил да го ангажира за да привлече повеќе навивачи.

Санто кажал дека Бензема не му е потребен, па затоа не му ја даде ниту капитенската лента, а и самиот Французин наводно побарал да замине од клубот.

Ал Итихад оваа сезона одигра два меча во кои славеше, а Бензема одигра 180 минути.