Почнаа свирежите во Мадрид: Навивачите обвинија две ѕвезди!


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 2-2 против Клуб Бриќ на „Сантијаго бернабеу“, иако на полувреме имаше негатива од 0-2 против скромните Белгијци, но на крајот „кралевите“ успеаа да се спасат со погодоците на Касемиро и Серхио Рамос.

По две кола во Лигата на шампиони, Реал има само еден бод, откако во првото коло загуби од ПСЖ со 0-3, а според прикажанот „кралевите“ може да стравуваат за пласман во нокаут-фазата.

Свирежи беа испратени од трибините на стадионот, а навивачите најмногу ги обвинуваат Тибо Куртоа и Еден Азар, кои пристигнаа од Челси.

Двајцата Белгијци не се вклопија најдобро во екипата, па поради тоа навивачите почнаа да го губат трпението со фудбалерите и сметаат дека не заслужуваат да бидат во првиот тим на Реал.