Почнува Светското првенство: Од денес важи правилото на Винисиус


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


ФИФА пред два месеци предложи, а ИФАБ на специјална седница во Ванкувер едногласно одобри две измени на Правилата на фудбалот.

Таа е највисоката и најстарата институција одговорна за утврдување и промена на правилата на фудбалската игра. Организацијата потврди реализација на новите правила, кои стапуваат на сила за Светското првенство кое почнува денес, со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка кој ќе се игра од 21 часот, потсетува „Ел Мундо“.

ФИФА во Ванкувер го одобри правилото наречено „Lex Vinicius“ или „Винициусов закон“. Ова правило ќе резултира со црвен картон за секој кој ќе ги покрие устата за да каже нешто на противникот. Со ова се исполнува она што пред неколку месеци го најави Џани Инфантино.