Пoдeлбa вo сoблeкyвaлнaтa нa Ливeрпул пoрaди Србин!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во соблекувалната на Ливерпул би можело да има напнатост, откако грчкиот фудбалер Костас Цимикас на социјалните мрежи ја поддржа објавата во која се критикува неговиот соиграч и директен конкурент Милош Керкеѕ.

Цимикас лајкуваше видео од грчки подкаст во кој се наведува дека Керкеѕ не ги пружа партиите какви што се очекуваат од него, со забелешката дека токму грчкиот репрезентативец треба да добие предност на позицијата лев бек.

Неговата акција привлече посебно внимание бидејќи Цимикас и Керкеѕ се директни конкуренти за местото во стартната постава.

Гркот ова лето се врати во Ливерпул по заем во Рома, додека Керкеѕ пристигна од Борнмут како едно од позабележителните засилувања.

Керкеѕ на почетокот на сезоната доби предност, додека Цимикас го замени во претходниот викенд за само 19 минути во ремито 2:2 против Нотингем Форест.

Цимикас е член на Ливерпул од 2020 година и со англискиот клуб ја освои Премиер лигата, ФА купот и Лига купот.

Керкеѕ, унгарски репрезентативец со српско потекло, од доаѓањето во клубот е под зголемено внимание на јавноста, а неговите настапи често се предмет на критика.