Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Сер Џим Ретклиф не важи за некој што троши многу пари, веројатно затоа и стана богат, но ова лето неговиот Манчестер јунајтед може да вложи огромни количини на средства.
Како што пренесува „Гардијан”, буџетот на овој тим за трансфери ќе биде 100 милиони фунти, но без никаква продажба на сегашниот состав, па вкупната сума би можела да се удвои кога ќе се продаваат играчи кои веќе се распрашуваат за нови дестинации.
Бруно Фернандеш може многу брзо да го напушти клубот, пишувавме вчера за тоа, а Манчестер јунајтед може добро да заработи и од продажбата на аргентинскиот фудбалер Гарначо кој дури и го прозва Аморим после финалето бидејќи одигра само 20-ина минути.
Зиркзе може да премине во Интер, Хојлунд е исто така мета на многу клубови, ниту еден од нив двајца не докажал дека е вреден за дресот на Манчестер јунајтед.
Она што е важно да се напомене е дека за Куња (62.5 милиони фунти) и Делап (30 милиони фунти) тие 100 милиони се сосема доволни за нивната куповина, двајцата имаат клаузули, а сè што е над тоа ќе биде бонус за Манчестер јунајтед.
Фото: Принтскрин