Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанците се подготвуваат за рестарт на сезоната во Ла Лига, кој е планиран меѓу 12 и 19 јуни. Шпанското првенство беше прекинато пред два месеци поради пандемијата на коронавирусот, но работите полека се враќаат во нормала.
Клубовите во Шпанија сакаат да продолжи сезоната, а од минатата недела добија дозвола да тренираат во своите тренинг-центри.
Јасно е дека управата на Ла Лига сака сезоната да продолжи поради парите за ТВ-права, а сега чекаат само зелено светло од Владата за да се одреди точниот датум.
Во моментов управата на Ла Лига прави распоред како сè ќе функционира што се однесува до патувањата на екпите, карантинот и одигрување на натпреварите. Ла Лига ќе ги плаќа приватните летови за секој клуб, а планот е секои 72 часа да се играат мечеви.