Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ ги губеше првите сетови, па одигра трилер натпревар против Александер Зверев, но на крајот се пласираше во финалето на Ју-Ес Опен. Минатата година беше дисквалификуван, но оваа година во Њујорк има шанси да испише историја.
Ѓоковиќ ја брка својата 21. гренслем-титула во кариерата, а сега сака да го обезбеди првото место на АТП-листата на крајот на сезоната.
Доколку стигне до бројката од 21 титула, тогаш тоа ќе биде прв човек кој успеал да постигне такво нешто и да ги освои сите четири трофеи во годината, и тоа за првпат по 1969 година.
Само двајца тенисери успеале да го направат тоа, а Ѓоковиќ сега се надева дека ќе испише историја.