Подмолниот потег на Нејмар е разбирлив по жестоките навреди, но за сè треба да се обвини Ди Марија (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француското Ел Класико заврши со победа на Марсеј од 0-1. Тимот од Азурниот брег го победи ПСЖ на гостински терен по 10 години во последните минути.

На крајот домашниот тим доби три црвени картони, а гостите два. Нејмар беше исклучен откако удри играч на Марсеј. Бразилецот тврди дека бил навреден на расистичка основа.

„Замолчи мајмун“, му рече Алваро Гонзалес на Нејмар, на што бразилската суперѕвезда не остана должна, па мораше да реагира.

Откако го зеде мобилниот телефон по натпреварот, Нејмар се огласи на Твитер. Тој рече дека жали што не ја погоди главата на играчот на Марсеј.

„Единствено за што жалам е што не го погодив тој ш***к со глава“, рече Нејмар.

Сепак, Нејмар може да бара и виновник за пресметката и навредите од неговиот соиграч. Имено, Ди Марија во една акција го плукна Гонзалес, но немаше никаква реакција од просторијата ВАР.

Натпреварите помеѓу ПСЖ и Марсеј отсекогаш предизвикувале големи реакции, и нема сомнеж дека по синоќешните настани на следниот натпревар, овие два тима ќе бидат уште понапнати.