Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Пол Погба има уште неколку месеци од неговиот договор со Манчестер јунајтед, по што постои голема можност да си замине од премиерлигашот.
Погба во 2016 година пристигна за 105 милиони евра од Јувентус и сите имаа големи очекувања од него, но Французинот не ги оправда во целост вложените пари.
Британски „Сан“ објави дека Погба би можел да остане во тимот, но само под еден услов и тој е поврзан со тренерот на клубот.
Ралф Рангник не ги предводи „црвените ѓаволи“ како што очекуваа сите и затоа многумина го критикуваат и веќе се бара негова замена, а како најсериозен кандидат за тренерското столче во Манчестер се споменува Ерик Тен Хаг од Ајакс.