Погба доби (не)пристојна понуда од Саудиска Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба бесплатно го засили Јувентус, откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, но минатата сезона настапи на само осум натпревари поради повреди.

Погба доби нова понуда за да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а за неговите услуги е заинтересиран Ал-Итихад за кого ќе играат Карим Бензема и Нголо Канте.

Екипата од С. Арабија наводно му нуди 100 милиони евра по сезона, но медиумите пишуваат дека Погба нема да ја прифати понудата затоа што сака да му се оддолжи на Јувентус.