Погба доби понуда од 1.500 евра плус бонуси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба неодамна беше суспендиран на четири години поради користење на недозволиви супстанции.

Италијанските медиуми во меѓувреме објавија дека пристигнала понуда од Русија да игра во фудбалската лига на познати луѓе, која е создадена во 2022 година, а на натпреварите играат актери, пејачи и други познати лица.

Спортскиот директор на натпреварувањето откри дека му биле понудени 1.500 евра месечно на Погба, како и одредени бонуси, но сè уште нема одговор од Французинот.

Речиси сигурно е дека францускиот фудбалер ќе ја одбие оваа понуда затоа што во кариерата заработи многу милиони.