Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Пол Погба се врати во Јувентус ова лето како слободен играч и треба да биде големо засилување за екипата, но сепак ќе мора да го пропушти првиот дел од сезоната затоа што се повреди на тренинг.
Искусниот играч го повреди коленото на тренинг пред неколку дена, а дополнителните медицински прегледи покажаа дека станува збор за тешка повреда.
Првите информации покажаа дека Погба го чека пауза од два или три месеци, меѓутоа најновите вести од Италија не се воопшто добри за Французинот.
„Газета Дело Спорт“ објави дека Јувентус сака да го испрати Погба на операција во Америка, а тоа ќе значи подолга пауза со што може да се очекува негово враќање на терените на почетокот на 2023 година.
Тоа значи дека францускиот фудбалер ќе го пропушти Светското првенство (СП) во Катар, кое треба да се одржи на крајот на годинава.