Погба ги следел настапите на Јунајтед, очекува да се врати и да формира партнерство со новото засилување на „ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што јавува новинарот Лоренс Жулиен, Пол Погба редовно ги следел настапите на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што бил далеку од Манчестер.

Французинот, посебно почнал да ја следи играта на клубот откако пристигна Бруно Фернандеш кој остави феноменален впечаток на стартот на неговата авантура на „Олд Трафорд“.

Сега, Погба со нетрпение очекувал да се врати на теренот и да формира партнерство со Бруно Фернандеш по кое Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе изгледа многу поинаку од сега.