Погба го брани Ибрахимовиќ: Немој да се шегувате со тоа!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба застана во одбрана на поранешниот соиграч Златан Ибрахимовиќ, кој е обвинет дека на расна основа го навредувал Ромелу Лукаку.

Ибрахимовиќ во вторникот влезе во клинч со белгискиот напаѓач, по што се најде на удар на спортската јавност, која го осуди дека навредувал на расна основа.

Еден ден подоцна се јави и Погба, кој кажа дека го насмеале тврдењата дека Ибрахимовиќ е расист.

„Златан расист? Ме сака и тој е последна личност за која би помислил такво нешто. Ајде, не се шегувајте со тоа“, напиша Погба.