Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре на „Олд Трафорд“ се игра четвртфиналето од Карабао-купот, а Манчестер јунајтед ќе игра против Колчестер од 21 часот, но ниту на тој меч нема да го видиме Пол Погба.
Се шпекулираше дека францускиот фудбалер треба да биде подготвен за овој дуел, но денеска пријави дека е болен, по што Оле Гунар Солскјер реши да го одмори во мечот против третолигашот.
Сепак, тоа што им пречи на навивачите на клубот е активноста на Погба надвор од фудбалскиот терен.
Вчера присуствуваше на венчавката на својот брат во Париз, па бурно прослави и тоа беше снимено и објавено на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Погба не настапува уште од 30 септември, односно мечот со Арсенал.
@paulpogba dancing like @nayo4u @niishopay and @ibrahimalivic when they meet at another friends party. ? pic.twitter.com/qOBtFXQFok
— Ghana ?? First. (@krysbrizy) December 17, 2019