Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба потврди дека ќе остане во Манчестер јунајтед, иако неговиот менаџер Мино Рајола кажа дека Французинот не е среќен на „Олд Трафорд“ и ќе бара трансфер во јануари.
Погба беше стартер во дербито против Манчестер сити (0-0), а по мечот кажа дека е фокусиран само на Јунајтед.
Овој 27-годишен фудбалер пристигна во Јунајтед за 89 милиони фунти во 2016 година од Јувентус, но никогаш не успеа да ги оправда вложените средства во неговиот трансфер.
„Секогаш се борев и секогаш ќе се борам за Манчестер јунајтед, своите соиграчи и навивачи. Не е важно ништо друго. Иднината е далеку, сегашноста е важна. Секогаш заедно! Јасен е односот меѓу мене и клубот и тоа нема да се промени. Кога не знаете што се случува, немој да зборувате“, кажа Погба.