Погба испрати порака до навивачите на Јунајтед по поразот од Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба јавно се извини на навивачите на Манчестер Јунајтед по поразот во градското дерби против Манчестер Сити.

Многумина очекуваа тимот на Оле Гунар Солскјер да се оддолжи на навивачите со добра игра против лутиот градски ривал по поразот од Евертон од 4:0, но наместо тоа повторно видовме лошо издание на фудбалерите на Јунајтед.

По поразот јавно извинување упати Пол Погба кој веројатно ги игра последните натпревари во црвениот дрес.

Погба по натпреварот беше забележан како јавно се извинува на гледалиштето на „Олд Трафорд“ по лошиот настап.