Погба призна: Ангажирав магионичар, ама не за да му наштетам на Мбапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пол Погба се најде во центар на внимание проади бизарните тврдења на неговиот брат Матијас Погба.

Матијас во приказната откри дека Погба преку магионичар го проколнал Килијан Мбапе и сакал да му наштети, по што ѕвездата на Јувентус се пожали дека бил киднапиран и имало обид да му се изнудат пари.

„Франс Фудбал“ објави дека Погба признал дека ангажирал магионичар, но целта не била да му се наштите на Мбапе, како што тврди Матијас.

Причината за таквиот ангажман од страна на Погба бил со намера да ѝ се помогне на една хуманитарна организација во Франција, чие име засега не се открива.