Погба се отвори и призна: Фергусон во 2012 година ми го скрши срцето кога го врати Сколс од пензија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба додека е на принудна пауза поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот даваше изјави и за своето минато како играч на Манчестер Јунајтед.

Французинот кој ја мина младинската школа на „ѓаволите“ истакна дека бил разочаран кога Фергусон се решил да го врати Пол Сколс од пензија, наместо да му даде шанса во првиот тим.

Погба потоа замина од Манчестер Јунајтед и се пресели во Јунвентус каде веднаш го покажа сиот свој потенцијал, па во 2016 година се врати назад во Манчестер Јунајтед.

„ТОа беше многу тешка одлука за мене поради се што се случуваше. Сер Алекс Фергусон за мене е најдобар тренер на сите времиња, но факт е дека ме повреди. Бев последна опција за него. Дури и Рафаел и Парк играа во средината на теренот, а мене ме немаше никаде. Потоа одлучи да го врати Сколс од пензија, а тоа за мене беше понижувачки. Тогаш срцето ми беше скршено. Знаев дека мора нешто да се менув и одлучив да одам во Јувентус“ –изјави Погба.