Погба се враќа на голема врата, ќе игра дури и во Лигата на шампионите


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба ова лето се враќа на големата сцена откако му истече суспензијата поради допинг, а се појави информација дека веќе се знае за кој клуб ќе потпише.

Погба веќе месеци наназад напорно тренира и се наоѓа во многу добра физичка форма, и се појави информација дека навистина може да се врати со грмогласен успех и дека е во преговори со еден клуб од Франција.

Станува збор за Монако на кој Погба сам му се понудил и преговорите веќе се во тек, а „Ле Паризиен“ наведува дека во Кнежевството се сè поблиску до одлуката да му дадат шанса на поранешниот француски репрезентативец.

Тие знаат дека станува збор за врвен среден ред играч и би добиле одлично засилување. Не е исклучено Погба дури да дојде на проба за да проверат во каква е физичка состојба и доколку сè биде како што треба ќе му дадат договор.

Во тој случај Погба ќе потпише договор со Монако на една година и истиот ќе биде продолжен ако искусниот среден ред играч ги оправда очекувањата.

Фото: Принтскрин