Погба во „аут“ – ќе го пропушти дербито со Ливерпул!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми, зашто дозна дека нема да може да смета на Пол Погба до ноември.

Најлошиот старт во сезоната на Манчестер јунајтед во последнтие 30 години е сега зачинет и со повредата на Французинот, кој нема да може да настапи ниту на дербито против Ливерпул на 20 октомври, а ќе ги пропушти и дуелите против Норвич и Челси.

Тоа значи дека Погба ќе го пропушти и мечот против Партизан во Белград на 24 октомври, па навивачите во Србија нема да може да го видат Французинот во акција.

Секако, ова е нов удар за Солскјер, чие тренерско столче се „тресе“, па доколку не ги подобри резултатите, сигурно ќе ја загуби и довербата кај управата, по што отказ ќе биде неизбежен.