Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Пол Погба призна дека минува тешки денови во Манчестер јунајтед. Постојано се шпекулира за негово заминување од Англија, а го мачат и повреди, поради кои не е во прв план кај Оле Гунар Солскјер.
Јунајтед не сака да брза со негово враќање на теренот, додека навивачите се разочарани, зашто од Французинот очекуваа многу повеќе.
„Не се сеќавам да ми било толку тешко во кариерата. Доаѓањето во репрезентацијата е како вдишување на свеж воздух“, кажа Погба.
Погба настапи за Франција во дуелот против Португалија, а се шпекулира дека наскоро би можел да замине во Реал Мадрид, со оглед на тоа дека е голема желба на Зинедин Зидан.