Погба зема пенкало да потпише договор, па почна да плаче како мало дете (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Монако официјално потврди дека Пол Погба е нов играч на овој клуб и дека по скоро две години повторно се враќа на терените, а сцената кога му дадоа пенкало во рацете за да потпише договор ги растажи многумина.

Погба својата последна натпреварувачка утакмица ја одигра во август 2023 година во дресот на Јувентус кога заработи повреда на коленото, а потоа започна пеколот за овој Французин.

Скоро потоа беше објавено дека Погба паднал на допинг тестирање поради што доби строга суспензија од дури четири години.

Иако изгледаше дека неговата кариера е завршена и дека нема враќање, Погба не се предаде и денес се врати на големата сцена со голем успех.

Погба потпиша договор со Монако и следната сезона ќе игра во дресот на клубот од Кнежевството, а дури ќе го гледаме со овој клуб и во Лигата на шампионите што е навистина одлично.

Овој 32-годишник напорно тренираше сето време додека беше суспендиран, и светлото на крајот од тунелот беше одлуката на судот да ја прифати неговата жалба и значително да се намали издржување на суспензијата.

Фото: Принтскрин