Погледнете ја екипата со која Ливерпул ќе атакува на сите трофеи (Фото)


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Иако доминираше и ја освои Премиер лигата минатата сезона, Ливерпул одлучи дека ова лето мора да вложи многу пари во тимот за и понатаму да биде конкурентен за трофеите во сите натпреварувања.

Досега веќе потроши за себе рекордни 213 милиони евра, од кои 125 се потрошени за Флоријан Вирц, кој беше еден од најбараните играчи во овој преоден рок. За отштети од 46 и 40 милиони евра пристигна новиот бековски тандем, Милош Керкез и Џереми Фримпонг.

Но, Ливерпул не планира тука да застане. Приоритет е да ангажира нов централeн напаѓач, а клубот од Енфилд на сите начини се обидува да го убеди Њукасл да го продаде Александар Исак. Ливерпул е подготвен за него да потроши и до 140 милиони евра.

Фото: Принтскрин

.