Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед уште по првото полувреме од тешкото гостување на Сан Мамес против Атлетик Билбао направија огромен чекор кон финалето на Лига Европа, кое ќе се игра на истиот стадион.
Црвените ѓаволи заминаа на одмор со резултат 0:3, откако стрелци беа Касемиро во 30. минута и Бруно Фернандес во 37. и 45.
Сепак, клучниот момент на натпреварот се случи во 35. минута, кога Вивиан стартуваше на Хојлунд во изгледна гол-шанса.
Имено, данскиот напаѓач беше најблиску до топката што беше упатена од десната страна, но беше повлечен од страна на баскискиот стопер.
Судијата Ескаас по прегледувањето на ВАР реши да му даде црвен картон на Вивиан, заедно со изречение казнен удар кој Бруно го претвори во гол.
Сепак, една друга работа му промакна на судијата, но и на ВАР, која претходеше на ситуацијата од која произлезе казнениот удар и исклучувањето.
Тоа е секако клучен момент на овој натпревар, а можете да го видите ОВДЕ, додека спомнатата рака на Гарначо можете да ја видите ОВДЕ.