До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Снимка од брутален старт без топка во пониска лига на фудбалот во австралиската држава Нов Јужен Велс предизвика згрозување во јавноста, а навивачите повикуваат на строги казни за играчот, вклучувајќи апсење и депортација. Инцидентот се случил на натпреварот помеѓу клубовите NWS Spirit и Sutherland Sharks, а видеото за кратко време собра повеќе од три милиони прегледи.
Во 69. минута од натпреварот, напаѓачот на Спирит, Калум Кели, беше исклучен откако намерно згазна на зглобот на одбранбениот играч на Шаркс, Џејми Перцевски. Топката не беше ни блиску до двајцата играчи, а Кели, кој веќе имаше жолт картон, доби втора јавна опомена и мораше да го напушти теренот. Додека Перцевски се виткаше од болка, Кели ги крена рацете во воздух, глумејќи невиност, но снимката брзо ги откри неговите вистински намери и предизвика гнев на социјалните мрежи.
Реакциите на интернет беа уште поостри. Многумина повикаа Кели да му се забрани доживотно играњето, а некои отидоа и чекор подалеку, барајќи случајот да вклучи и власти надвор од фудбалските рамки. “Доживотна забрана за овој насилник. Беше намерно и со предумисла”, напиша еден корисник. “Обидел да му го скрши зглобот, јас би ги поднел доказите до полицијата”, додаде друг.
Се појавија и многу повици за поднесување полициска пријава за напад, а со оглед на тоа што Кели е роден во Обединетото Кралство, некои побараа и негово депортирање. “Ова апсолутно треба да се санкционира и надвор од играта”, еден е од коментарите. Среде контроверзијата, и Кели и Перцевски ги заклучија своите профили на социјалните мрежи.
Клубот NWS Spirit брзо реагираше и го суспендираше својот играч. Претседателот на клубот Френк Марчи издаде официјално соопштение.
















