Погледнете го голот на Виери вреден Ферари 550 Маранело (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во втората половина на 90-тите години, Кристијан Виери беше меѓу најдобрите напаѓачи во светот.

Виери играше за Атлетико Мадрид во сезоната 1997/1998., каде пристигна од Јувентус. Повеќе од 20 години подоцна, Италијанецот раскажа интересна анегдота од тој период.

Пред натпреварот со Купот на УЕФА, Виери му кажал на тогашниот претседател Хесус Гил дека доколку постигне хет трик против ПАОК, тој како награда посакува Ферари 550 Маранело.

“Преку Пол Футре, омилен играч на Исус Гил, му порачав на претседателот дека ако постигнам три гола, очекувам како подарок Ферари 550 Маранело. Футре ми рече откако разговарав со претседателот ако го постигнам хет трикот, автомобилот е мој.”

„Вие се сеќавате на мојот гол скоро од корнер знамето. Целиот свет го виде во тоа време и се воодушевуваше, но никој не знаеше дека вреди Ферари“.

Инаку, Ферари 550 Маранело во тие години вредеше околу 200.000 евра, што во тоа време беа огромни пари. Виери ја заврши таа сезона како најдобар стрелец на Ла Лига со 24 гола и се пресели во Лацио.