Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Подравацго победи Братство со резултат 1:0 на натпреварот од 13. коло на Елитната ЖФЛ Копривничко-крижевачка, петта лига во фудбалот во Хрватска. Домаќините во последното коло од есенскиот дел од првенството дојдоа до победа благодарејќи на голот на Антонио Шемпера во 16. минута. Братство го заврши првиот дел од сезоната на врвот со 29 бодови, шест повеќе од второпласираниот Техничар кој има натпревар помалку, додека Подравац е седми со 19 бодови.
Фудбалот беше во втор план на овој дуел, кој беше обележан со инциденти од 33. минута. Откако судијата Матија Пресечан му покажа црвен картон на играчот на Братство, Марио Тутавац, поради удирање играч без топка, гостинскиот тренер Дејан Зрински потполно полуде и следуваше хаос.
















