Погледнете ја верзијата на Најк за дресовите на Ливерпул во наредната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро сигурно е дека Ливерпул од следната сезона ќе игра во дресовите на Најк и покрај тоа што ЊуБаланс сеуште не се откажува и сега се надева дека ќе стане технички спонзор на Редсите.

На интернет веќе се појавија можните дресови на Ливерпул за сезоната 2020/21 ако ги произведува Најк.

Првата гарнитура очекувано ќе биде со темно црвена боја, со нијанси на бела боја на јаката и на ракавите.

Гостинската гарнитура е тиркизно зелена боја со темно зелено лого, додека ракавите се бела боја.

Третиот дрес би требало да биде практично идентичен на домашната верзија, само што наместо темно црвена, доминира темно сивата боја.