Погледнете како изгледа дневната соба на Агуеро, си ја украсил со најдрагите трофеи (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кун Агуеро не е многу активен на социјалните мрежи, а многу ретко објавува и фотографии од својот дом.

Сепак изолацијата која  е на сила и во Англија, го натера Агуеро да објави фотографија од својата дневна соба на која се гледа како е украсен просторот околу неговиот телевизор.

Над телевизорот се наоѓаат топките кои Агуеро ги добивал од натпреварите по многуте хет-трикови кои ги постигнувал во дресот на Сити. Од сите страни се гледаат и негови други награди и фотографии…