Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денис Шредер ја водеше репрезентацијата на Германија до титулата европски шампион и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на првенството, додека својата кошаркарска интелигенција ја покажа и на почетокот на натпреварот против Турција во финалето!
Имено, Шредер во еден момент ја изведе топката под кошот на турскиот тим и со тоа си асистираше сам за поени. Со топката го погоди Алперен Шенгун во задникот, а потоа покрај него и Шејн Ларкин постигна поени.
Германците славеа со резултат 88:83, при што Шредер натпреварот го заврши со 16 поени и 12 скока. Бројките за целиот турнир се: 20,9 поени, 3,5 скока и 6,6 асистенции по натпревар. Од друга страна, Исак Бонга со одлична игра беше прогласен за најдобар играч на самото финале.
Во продолжение можете да ја погледнете ситуацијата во која германскиот плејмејкер ги измами колегите од Турција:
Only Dennis Schroder could pull this move out in the #EuroBasket final 😳🇩🇪 pic.twitter.com/41KDlMvgrD
— BasketNews (@BasketNews_com) September 15, 2025