Погледнете што правеше заразениот Димитров во Задар! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот трет тенисер во светот, Григор Димитров прв објави дека е заразен со коронавирус, а сега се појави и снимка каде што по мечот против Борна Чориќ одби да се ракува.

Иако во медиумите прво се шпекулираше дека е повреден и поради тоа лесно загубил од хрватскот тенисер, сепак сега ситуацијата е јасна.

Димитров на својот прв меч на „Адрија Тур“ во Задар пријде кон мрежата по поразот и се ракуваше на различен начин од останатите, прво со Чориќ, а потоа и со главниот судија.

Од снимката може да се заклучи дека Димитров најверојатно се плашел дека е заразен од вирусот и поради тоа подоцна го напушти турнирот.