Покетино призна дека сака да се врати во Премиер лигата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Маурисио Покетино призна дека сака да се врати и да работи во Премиер лигата откако доби отказ од Тотенхем во ноември минатата година.

За Покетино е заинтересиран Манчестер Јунајтед кој би можел да му врачи отказ на Солскјер по крајот на сезоната, а наводно ситуацијата во клубот ја прати и самиот аргентиснки стратег кој е подготвен да се нафати на предизвикот во Јунајтед.

„Дa бидам искрен, би сакал да работам во Премиер лигата. Ќе биде тешко, знам, а засега можам само да чекам и да видам што ќе се случи. Ова е момент на враќање во  форма, да размислам за мене и да бидам подготвен затоа што во фудбалот се може да се случи. Подготвен сум и чекам нов предизвик“ –изјави Покетино.