Покетино доби нов договор со Тотенхем


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Синот на Маурисио Покетино, Маурицио потпиша нов договор со тимот на Тотенхем.

19 годишниот крилен фудбалер остана во клубот и покрај тоа што неговиот татко доби отказ, а сега објави фотографија на Инстаграм како потпишува нов договор со клубот.

Интересно е што на фотографијата на која Маурицио потпишува нов договор се наоѓа и неговиот татко Маурисио кој веќе извесен период не е тренер на клубот.

Покетино настапува за Тотенхем уште од 2017 година, но се уште нема добиено шанса во првиот тим на клубот.