Покетино го добива најголемото засилување пред финалето во Лигата на шампионите

Како што пренесуваат англиските медиуми, Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Најдобриот играч на Тотенхем ќе истрча на теренот на „Ванда Метрополитано“ на 1 јуни за кога е закажано големото финале од најелитното европско натпреварување.

Репрезентативниот напаѓач на Англија е надвор од терените уште од првиот четвртфинален натпревар против Манчестер Сити кога заработи потешка повреда која го оддалечи од сите клучни средби во ЛШ и Премиер лигата.