Покетино ќе плати 60 милиони фунти за напаѓач кој со месеци не игра фудбал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси под водство на Маурицио Покетино покажа знаци на живот, но е далеку од очекуваните резултати.

Аргентинецот планира да купи уште неколку засилувања затоа што екипата не е ефикасна во нападот, па главна желба на Покетино е напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони кој е суспендиран поради нелегално обложување.

На крајот на јануари Тони се враќа на терените, а Покетино со 60 милиони фунти ќе го убедува раководството на Брентфорд да му го продаде напаѓачот.

Од Брентфорд веќе најавија дека ќе го продадат одличниот голгетер, но само ако пристигне добра понуда.