Покетино: Можеби е вистинско време за нов почеток!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино најави можност да замине од клупата на лондонскиот клуб.

Покетино со Тотенхем направи вистинско чудо, откако сезонава се пласираше во финалето на Лига на шампиони.

Во претходните месеци се шпекулираше дека Покетино ќе замине од Лондон, а очигледно тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Тоа го потврди аргентинскиот стратег на прес-конференција, кадешто кажа дека можеби ова е најдобар момент за нов предизвик.

„Има време кога ќе разговараме за мојата иднина. За тоа ќе зборуваме по финалето во Лига на шампиони. Не знам што ќе се случи, но ова можеби би бил вистински момент да почнам нов предизвик“, вели Аргентинецот.