Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино најави дека би можел да разгледа евентуално заминување од клубот доколку неговиот тим стигне до титулата во Лигата на шампионите.
„Петлите“ се во негатива по првиот натпревар против Ајас од 1:0 и ќе мора да стигнат до победа во Амстердам доколку сакаат пласман во финалето.
Кога беше запрашан дали освојувањето на Лигата на шампионите беше возможна кога тој се приклучи на Тотенхем пред пет години, Покетино изјави:
„Освојување на Лигата на шампионите? Тоа би било фантастично, нели? Да се затвори петгодишно поглавје и да се оди дома. Не се шегувам, зошто би се шегувал? Доколку се освои Лигата на шампионите со Тотенхем во оваа сезона би можел да размислам за нешто поразлично во иднина“- истакна Покетино.