Покетино откри дали ќе се врати во Тотенхем


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покетино изјави дека неговото враќање на позицијата тренер на Тотенхем во моментот „не е реално”.

“Денес тоа не е реално. Погледнете каде се наоѓаме јас и мојот персонал. Одговорот е многу јасен”,
наведе Покетино, како што пренесе Би-Би-Си (BBC) денес.

Тотенхем во петокот го отпушти тренерот Анге Постекоглу, кој во мај ја освои титулата првак на Лига Европа, што е прв трофеј на клубот во некое поголемо натпреварување од 2008 година.

Покрај тренерот на Брентфорд, Томас Франк и шефот на стручниот штаб на Фулам, Марко Силва, Покетино исто така беше споменуван како еден од кандидатите да го замени Постекоглу на клупата на Тотенхем.

Фотографија: Принтскрин