Покетино откри дали Тотенхем ќе купува во јануарскиот преоден рок


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тотенхем се соочува со слаб старт на сезоната, па веќе почнаа критиките кон клубот кој минатата сезона играше во финалето од Лигата на шампионите.

Низа играчи се поврзуваа со премин на „Вајт Харт Лејн“, но сега тренерот на „петлите“, Маурисио Покетино отфрли можност за јануарски трансфер во клубот.

„Не верувам. Навистина. Верувам во играчите кои ги имаме, верувам во играчите кои се во Тотенхем денес. Ги почитувам сите опции и знам дека тие ќе се оние кои ќе речат дека мора да се променат. Ќе се држам до моите играчи затоа што знам дека имаат квалитет“ –истакна Покетино.