Покетино откри кога Мбапе ќе ја каже конечната одлука за иднината: Преговорите се напорни…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускот напаѓач Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а тренерот Маурицио Покетино откри кога тој ќе ја соопшти конечната одлука за иднината.

Парижаните сакаат да го задржат во свои редови, но шансите за тоа се многу мали затоа што му завршува договорот на лето и наводно веќе се договорил со „кралевите“.

Покетино пред мечот меѓу ПСЖ и Ленс зборуваше за иднината на Мбапе и неговата одлука за следниот чекор во кариерата.

„Како тренер, можам да кажам дека не сум погоден од ситуацијата. Мора да размислите за сите сценарија. Тоа не се случува само во Париз. Мора да се прилагодиме. Преговорите со Мбапе се напорни во моментов, но тој ќе донесе одлука по крајот на сезоната“, вели Покетино.